Евро2020
Аријан Адеми против Израел
E. Zahavi 55′1 – 0
1 – 1A. Ademi (ас. E. Alioski) 64′

Македонската фудбалска репрезентација ремизираше на гостувањето кај Израел во петото коло од квалификациите за Европско првенство 2020.

Одигравме стабилно прво полувреме, без поголеми возбудувања на двете страни. Во второто, Израелците поведоа во 55-тата минута, а стрелец беше Еран Захави. Само 9 минути подоцна, Езѓан Алиоски центрираше одлично од слободен удар, а Аријан Адеми биеше одлично со глава за израмнување на резултатот.

Во остатокот од натпреварот двете репрезентации имаа шанси за водство, но резултатот остана 1:1. Нашите фудбалери имаа добра акција за водство во судиското продолжение – Пандев одлично го проигра Елмас во шеснаесетникот, а новото засилување на Наполи, се обиде несебично да го проигра Трајковски во петерецот, но топката заврши во нозете на дефанзивците на Израел.

Нашата репрезентација, сосема заслужено, освои важен бод во борбата за првите две места, каде сме на негатива од 3 бода позади второпласираниот Израел кој има 8 бода. Полска е прва со 12.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *