Италија Трансфери
Павел Недвед, Јувентус

Последниве години Јувентус стана специјалист за донесување играчи како слободни агенти. Секое лето “старата дама” наоѓаше начин да се засили со одлични фудбалери, без да плаќа обесштетување.

Само летово пристигнаа во Торино Арон Рамзи, Адриен Рабио и Џанлуиџи Буфон. Луѓето од стручниот штаб на клубот се подготвуваат за следната сезона, и веќе имаат селектирано играчи чии договор истекуваат следното лето.

Прв на листата е плејмејкерот на Тотенхем Кристијан Ериксен. Данецот е трансфер цел на многу европски гиганти, а Јувентус сè посериозно се насочува кон негов ангажман. Договорот му истекува следното лето, поради што лондончани се обидоа да го продадат летово со цел да не го испуштат следното без пари, но до трансфер не дојде. Многу е веројатно тој да си замине догодина без пари, а Јуве не би сакал да го испушти.

Италијанскиот шампион следи неколку фудбалери на Челси, со истекувачки договори. Тоа се Вилијам, Педро Родригес и младиот Калум Хадсон-Одој, за кој се верува дека италијанците имаат најголем интерес.

Кон трансферните цели на Јуве може да се додаде и десниот бек на ПСЖ – Тома Мјуние. Белгиецот е далеку од потпишување нов договор со францускиот шампион.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *