Англија
Пол Погба, Манчестер Јунајтед, Јувентус

Менаџерот на Пол Погба, Италијанецот Мино Рајола започнал преговори со шефовите на Манчестер Јунајтед за нов договор на Французинот.

Светскиот првак, летово беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, но од тоа ништо не се оствари и тој остана на “Олд Трафорд”. Сега, тој може дури да го продолжи договорот со “црвените ѓаволи” за подолг период.

Двете страни ги започнале преговорите за продолжување на актуелниот договор кој истекува во 2021 г. Во моментов, 26 годишниот играч за врска заработува 17 милиони евра на сезона, а од Јунајтед се спремни да ги зголемат на 21 милион на сезона, со цел да го убедат да остане на “театарот на соништата”.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *