Евро2020
Роберт Просинечки, Босна и Херцеговина

Селекторот на Босна и Херцеговина Роберт Просинечки си даде оставка по поразот од Арменија од 4:2 во евроквалификациите. Со поразот Босанците значително ги намалија шансите за пласман на Евро 2020.

“Кога го презедов селекторското столче бев убеден дека имаме сили да се пласираме на ЕП 2020, но потфрливме. Мојот наследник ќе има доволно време да ја подготви репрезентацијата за Лигата на нации. Сè уште мислам дека Босна е многу добар тим, но нешто очигледно не оди како што треба. Најверојатно не успевам да ги мотивирам играчите”, изјави Просинечки.

50-годишниот поранешен играч за врска на Хрватска, дојде на чело на босанската репрезентација во Јануари 2018-та година и направи серија од 10 натпревари без пораз на чело на тимот. Но по 6 кола во квалификациите, Босанците имаат само 7 бода и заостануваат 5 бода од второпласираната Финска и 11 од лидерот Италија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *