Видео Евро2020
0 – 1G. Pandev (ас. E. Elmas) 14′
0 – 2E. Bardhi 17′

Нашата репрезентација влезе фуриозно во натпреварот против Летонија. Во 9′ Тричковски пропушти да реализира од добра позиција, но веќе во 14′ капитенот Пандев ја круниса прекрасната акција на нашиот тим со гол, за водство од 0-1.

Веќе 3 минути подоцна Барди одлично начека топка на работ од шеснаесетникот и биеше неодбранливо во долниот десен агол за водство од 0-2.

До крајот на првото полувреме се нижеа шанси за нашиот тим и на полувреме можевме да заминеме и со поголема предност, но сепак полувремето заврши со резултат 0-2.

Во вториот дел нашиот тим повторно креираше шанси, но и Летонците го кренаа квалитетот на својата игра. Имаше по неколку шанси и на двете страни, па последните дваесетина минути селекторот Ангеловски оправдана направи некои потези кои го засилија средниот ред на сметка на нападот, за да избегне било какво изненадување.

Натпреварот заврши 0-2, што на нашиот тим го донесе првиот натпревар без примен гол, но уште побитно големи 3 бода, со кои нашиот тим се изедначи со Израел и заедно ја делата 4-тата позиција во група Г од квалификациите за Евро 2020.

Македонија и Израел имаат по 8 поени, Австрија е трета со 10, Словенија има 11, додека Полска е лидер на табелата со 13 поени. До крајот има уште 4 натрпевари, па со добра серија нашата репрезентација може да се бори за втората позиција која води на Евро 2020.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *