Евро2020
Александар Митровиќ, Србија
0 – 1A. Mitrović (ас. A. Kolarov) 36′
0 – 2N. Radonjić (ас. S. Milinković-Savić) 55′
D. Turpel (ас. Daniel Alves da Mota) 66′1 – 2
1 – 3A. Mitrović (ас. S. Milinković-Savić) 78′

Репрезентацијата на Србија брзо се врати на победите, по поразот од Португалија на домашен терен. Нашиот северен сосед го победи Луксембург со 1:3 и сè уште е во комбинација за второ место.

Резултатот за гостите го отвори напаѓачот на Фулам – Александар Митровиќ во 36-тата минута. Водството за Србите го зголеми Немања Радоњиќ во 55-тата минута, а Давид Турпел ја врати неизвесноста со погодок во 66-тата минута. Митровиќ ја завери победата со втор гол – во 78-та минута.

Србија е трета во групата Б, со 7 бода – бод помалку од второпласираната Португалија која има и натпревар помалку. Репрезентацијата на Украина е лидер со 13 бода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *