Лига на шампиони

Вечерва Наполи, тимот на нашиот Елиф Елмас, го пречекува минатогодишниот шампион Ливерпул, во првото голо во групата Е од Лига на Шампиони.

Во 21:00 на Сан Паоло се игра еден од најинтересните натпревари во првото коло од Лигата на Шампиони. Според најавите, нашиот Елмас не е во првите 11 за овој натпревар, но знаејќи дека тој имаше солидна минутажа во првите 2 натпревари во Серија А, како и во сите подготвителни натпревари, можеме да веруваме дека тој ќе влезе во продолжение на натпреварот.

Елмас ќе биде 16-от Македонски фудбалер кој ќе настапува во Лигата на Шампиони. Досега Пандев, Најдоски и Панчев успеаа да стигнат до трофејот во најелитното Европско натпреварување. Му посакуваме среќа на Елиф и се надеваме дека тој ќе има шанса да биде четвртиот Македонец кој ќе ја освои фудбалска Европа.

Покрај Елмас, утре вечер и Аријан Адеми ќе го почне натпреварувањето, како капитен на Динамо Загреб. Ова ќе е четврта сезона за Адеми во Лига на Шампиони со Динамо Загреб.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *