Видео Лига Европа
Лудогорец, ЦСКА Москва
0 – 1I. Diveev (ас. N. Vlašić) 11′
Wanderson 47′1 – 1
J. Lukoki (ас. A. Nedyalkov) 50′2 – 1
C. Keșerü (ас. Wanderson) 52′3 – 1
C. Keșerü (ас. A. Nedyalkov) 68′4 – 1
C. Keșerü (пенал) 73′5 – 1

Бугарски Лудогорец од Разград ја сруши големата ЦСКА од Москва, со огромни 5:1. Ова претставува најголема победа на бугарски тим во европските натпреварувања.

ЦСКА Москва поведе рано во 11-тата минута, со голот на Игор Дивеев. Гостите од Русија заминаа со минимално водство на паузата.

Домакините се разиграа во второто полувреме, постигнувајќи неверојатни 5 гола. Прво почна натурализираниот Бугарин со бразилско потекло Вандерсон, кој погоди по само 2 минути игра. По само три минути, за целосен пресврт, погоди напаѓачот на репрезентацијата на Конго – Жоди Лукоки.

Последните три гола беа дело на одличниот Романец Клаудиу Кешеру, кој беше прецизен во 52′, 68′ и 73′.

Бугарскиот првак направи одличен старт во Лига Европа. Ќе успее ли да донесе европска пролет во Бугарија?!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *