Англија
Челси слави против Норвич

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп верува дека Челси е еден од малкуте клубови во светот, кои може лесно да ја поднесат казната за забрана на трансфери, која моментално е тече за лондончани. Причината за тоа се квалитетните млади играчи со кои Френк Лампард располага.

Според Германецот Тами Абрахам и Мејсон Маунт, кои играат одлично сезонава, веќе вредат по над 60 милиони фунти.

“Челси го купи Кристијан Пулишиќ за околу 50-60 милиони фунти, но сите играчи околу него ја имаат отприлика истата цена. Тами Абрахам веќе е фудбалер вреден 60 милиони. Мејсон Маунт чини исто толку, ако не и повеќе. Калум Хадсон Одој одамна ја достигна таа цена. Жоргињо и Канте се бесценети играчи. Тука се и Мате Ковачиќ и Рос Баркли, како и искусните Педро, Вилијан и Оливие Жиру. На клупата го имаат и Мишу Батшуаи. Ако постои клуб во светот што не пати многу од трансфер ембаргото, со сигурност тоа е Челси”, изјави Клоп на денешната пресконференција во пресрет на дуелот со “сините”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *