Видео Италија
Џовани Симеоне, Каљари
G. Simeone (ас. A. Ioniţă) 46′1 – 0
1 – 1C. Kouamé (ас. A. Sanabria) 83′
C. Zapata (автогол) 84′2 – 1
João Pedro 87′3 – 1

Џенова на нашиот Горан Пандев го нареди третиот пораз во низа и полека влегува во резултатска криза. Каљари пак со победава, изби за момент на четвртото место.

Домакините поведоа во последната минута од првото полувреме, со гол на Џовани Симеоне. Синот на Диего Симеоно одлично биеше со глава на нафрлената топка од Артур Ионита, за водство на полувреме.

Нашиот капитен влезе од клупа во 74-та минута, а за само неколку минути успеа да направи клучно подавање до Санабрија, кој ја препушти топката до Коуаме, а младиот напаѓач од Брегот на слонова коска биеше силно и прецизно за огромна радост на гостите.

Меѓутоа, домакините изедначија само минута подоцна, со автогол на поранешниот стопер на Милан Кристијан Запата.

Џенова се отвори максимално во остатокот од натпреварот, а Каљари тоа веднаш го казни во 87-та минута, кога Жоао Педро одлично се ослободи од двајца противнички дефанзивци на средината од теренот, и излезе буквално сам пред Романецот Ионут Раду кој беше немоќен на голот на Џенова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *