Шпанија
Серхио Рамос, Каземиро, Реал Мадрид

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос ја запиша победата број 400 за кралскиот клуб. Шпанскиот стопер стигна до оваа јубилејна бројка по 611 официјални натпревари од кои има и 99 нерешени и 112 порази. Во оваа класација, најмногу победи за Реал има Икер Касијас (463), Раул Гонсалес (429), Санчес (412) и Серхио Рамос Рамос четврти.

По трансферорт од Севиља, 33-годишниот дефанзивец ја игра 15-тата сезона на “Сантијаго Бернабеу”, а веќе има и 20 трофеи зад своето име.

Натпреварот со Севиља беше љубилеен и за Бразилецот Каземиро кој го запиша својот 200-ти настап за “кралевите”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *