Видео Шпанија
Артур, Барселона
A. Griezmann (ас. L. Messi) 6′1 – 0
Arthur (ас. Busquets) 15′2 – 0
2 – 1Santi Cazorla (ас. Iborra) 44′

Каталонците стигнаа до тешка победа од 2:1 на дуелот со Виљареал. По еден прекрасен гол, од далечина, и на двете страни.

Домакините го отворија резултатот уште во шестата минута, а стрелец беше Антоан Гризман, кој биеше прецизно со глава на прва статива. Ова е еден од ретките голови на Барселона од корнер.

Само 9 минути подоцна, Бразилецот Артур постигна прекрасен гол од 20-ина метри.

Искусниот Санти Касорла погоди од далечина во 44-тата минута и го врати Виљареал резултатски во игра. Голот многу наликуваше на оној на Артур.

Резултатот остана ист до крајот, а со тоа Барселона барем на момент ќе биде на четвртата позиција со 10 бода. Виљареал е осми со исто толку бодови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *