Видео Шпанија
Мајорка, Атлетико Мадрид, Александар Трајковски, Ла Лига
0 – 1Diego Costa (ас. Koke) 26′
0 – 2João Félix 64′

Атлетико Мадрид ја совлада Мајорка со 0:2 и изби на врвот на табелата во шпанската Ла Лига. Ова е добар резултат за “јорганџиите” во пресрет на градското дерби со Реал Мадрид во сабота.

Диего Коста го постигна својот прв гол сезонава, во 26-тата минута за водство од 0:1 за Атлетико. Конечните 0:2 ги постави младиот Жоао Феликс во 64-тата минута.

Нашиот репрезентативец Александар Трајковски влезе во игра во 60-тата минута и внесе свежина и динамика во нападот на Мајорка, но не успеа посериозно да се закани кон голот на Јан Облак. 

Атлетико Мадрид е прв на табелата со 13 бода. Реал Мадрид (11 бода) може да го превземе лидерското место со евентуална победа вечерва против Осасуна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *