Видео Шпанија
Реал Мадрид, Осасуна, Ла Лига
Vinícius Júnior (ас. T. Kroos) 36′1 – 0
Rodrygo (ас. Casemiro) 72′2 – 0

“Кралевите”, со комбиниран состав, славеа победа од 2:0 против Осасуна и експресно се вратија на врвот на Ла Лига.

Реал Мадрид има многу повредени играчи, а му претстојат и доста тешки натпревари, затоа Зинедин Зидан одлучи да ги поштеди ѕвездите Куртоа, Азар, Варан, Бензема и Карвахал. Тоа не претставуваше проблем за домакините да слават победа и да ја продолжат победничката серија.

Винисиус Жуниор, со прекрасен гол од 20-ина метри, го отвори резултатот во 36-тата минута. Конечните 2:0 ги постави новото засилување Родриго во 72-та минута. За Бразилецот ова беше прв гол во дресот на Реал Мадрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *