Шпанија

Атлетико од поодамна покрена постапка против Барселона за начинот на кој беа водени преговорите за трансфер на Антоан Гризман.

Гризман пред Светското Првенство 2018 одби трансфер во Барселона, а тогаш Французинот имаше клаузула од 200 милиони Евра, во случај да си замине од Атлетико.

Летово Гризман се договори со Барселона, но, според челните луѓе на Атлетико Мадрид, “каталонците” биле во преговори со Гризман уште одамна, во времето кога неговата откупна клаузула беше 200 милиони Евра.

На крај Барселона плати само 120 милиони Евра, но “јорганџиите” сметаат дека Барса треба да ја исплати сумата од 200 милиони Евра, бидејќи “каталонците” се договориле со Гризман уште во времето кога тој имаше клаузула 200 милиони Евра, без Атлетико да биде вклучен во преговорите.

Атлетико бараше дополнителни 80 милиони, а на крај ќе треба да се задоволи со само смешни 300 Евра, одлука која денес ја донесе Шпанската Фудбалска Федерација.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *