Видео Германија
Роберт Левандовски, Кингсли Коман, Бајерн Минхен
0 – 1S. Gnabry (ас. Philippe Coutinho) 15′
0 – 2Philippe Coutinho (ас. S. Gnabry) 55′
K. Pröger (ас. M. Dräger) 68′1 – 2
1 – 3R. Lewandowski (ас. N. Süle) 79′
J. Collins 84′2 – 3

Баварците славеа на гостувањето кај Падерборн, и со поразот од 1:3 на Лајпциг од Шалке, конечно се први на табелата во Бундеслигата.

Резултатот за гостите го отвори Серџ Гнабри, на асистенција на Филипе Кутињо во 15-тата минута.

Во 55-тата минута Бајерн Минхен напри одлична акција, а Серџ Гнабри несебично асистираше на празен гол на Кутињо за водство од 0:2.

Падербурн се врати резултатски во игра во 68-та минута со голот на Каи Прогер, а само десетина минути подоцна, Роберт Левандовски постигна одличен лоб и ја врати предноста за гостите од 2 гола.

Конечните 2:3 ги постави Џамилу Колинс, со одличен гол од далечина.

Бајерн Минхен е прв на табелата со 14 бода, а на бод негатива се дури четири клуба: Лајпциг, Шалке, Бајер Леверкузен и Борусија Минхенгладбах. Борусија Дортмунд со евентуална победа, на дуелот со Вердер Бремен, би им се придружила на друштвото 13.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *