Видео Шпанија
Тер Штеген, Барселона, Хетафе, Ла Лига
0 – 1L. Suárez (ас. M. ter Stegen) 41′
0 – 2Junior Firpo 49′

Шампионот на Шпанија Барселона ја прекина “црната” серија на гостувањата, со победа од 0:2 против Хетафе.

Гостите победоа во 41-та минута со гол на Луис Сураес, а асистентција на голманот Тер Штеген. Германскиот голман истрча да пресече протвничка акција, а топката ја изби далеку на противничката половина, каде Луис Суарес излезе речиси сам пред противничкиот голман, и со одличен лоб удар донесе водство за гостите. Ова е прва асистенција на голман на Барселона во 21-ви век во Ла Лига.

Барселона обезбеди победа во 49-та минута со гол на Жуниор Фирпо. Последните неколку минути, каталонците ги одиграа со играч помалку, бидејќи Клеман Ленгле направи втор жолт картон. Со победава, барем привремено, Барселона е на втората позиција на табелата во Ла Лига, на бод негатива од лидерот Реал Мадрид, кој вечерва му гостува на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *