Видео Германија
Марио Геце, Борусија Дортмиунд, Вердер Бремен, Бундеслига
0 – 1M. Rashica (ас. D. Klaassen) 7′
M. Götze (ас. Ł. Piszczek) 9′1 – 1
M. Reus (ас. T. Hazard) 41′2 – 1
2 – 2M. Friedl (ас. J. Sargent) 55′

Најголемиот ривал на Бајерн Минхен во борбата за титулата во Бундеслигата направи нов кикс, откако одигра само 2:2 на домашен терен против Вердер Бремен. По 6 кола, Борусија Дортмунд заостанува 3 бода позади лидерот Бајерн Минхен, но се наоѓа дури на седмото место, што значи многу голема борба за титулата, но и за место во Лига на шампиони.

Борусија Дортмунд прими ран гол – играчот за врска од Косово Милот Рашица постигна убав гол уште во 7-та минута од натпреварот. Само 2 минути подоцна, домакините го возвратија ударот со гол на Марио Геце.

“Милионерите” направија целосен пресврт во 41-та минута, со голот на Марко Ројс. Гостите изедначија во 55-тата минута, со голот на Австриецот Марко Фридл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *