Видео Шпанија
Тони Крос, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Ла Лига

Атлетико Мадрид и Реал Мадрид одиграа доста претпазливо и токму затоа немаше погодоци на дербито во Ла Лига. “Кралевите” остануваат први на табелата со петнаесет бода, или бод повеќе од Атлетико Мадрид и Гранада, а два од Барселона и Реал Сосиедад.

Гостите беа делумно подобар противник со посериозни шанси, но Јан Облак беше на висина на задачата. Домакините пак немаа ниту еден удар на голот на Реал.

Еден Азар одигра уште еден просечен натпревар и сè уште нема ништо од оној играч во Челси. Новото засилување Лука Јовиќ го замени Карим Бензема, во завршницата од дуелот, а Лука Модриќ беше резервист исто така.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *