Видео Италија
Дејан Кулушевски, Парма
D. Kulusevski (ас. Y. Gervinho) 2′1 – 0
1 – 1C. Ansaldi (ас. S. Verdi) 12′
1 – 2A. Belotti (пенал) 43′
A. Cornelius (ас. D. Kulusevski) 45’+32 – 2
R. Inglese 88′3 – 2

Младиот Швеѓанец со македонско потекло сам го реши Торино, со гол и асистенција, и моментално е млад играч со најголем придонес (1 гол и 3 асистенции) во петте најсилни лиги во Европа.

Дејан Кулушевски го отвори резултатот уште во втората минута, на одлична асистенција на поранешниот напаѓач на Арсенал Жервињо.

Гостите направија пресврт со головите на Ансалди во 12-тата минута, и Белоти од пенал во 43-тата, но Парма претходно промаши пенал кој го изнуди токму Кулушевски – Сиригу одлично го прочита Жервињо.

Парма погоди во судиското продолжение од првото полувреме, Кулушевски асистираше на Корнелиус.

Конечните 3:2 ги постави Роберто Инглезе во 88-та минута.

Дејан Кулушевски е Македонец роден во Шведска, а неодамна се одлучи да настапува за државата во која е роден. Кулушевски е играч на Аталанта, но сезонава настапува како позајмен во редовите на Парма. Со свои 19 години и 5 месеци, тој полека станува еден од поголемите таленти на стариот континент.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *