Шпанија
Тибо Куртоа, Реал Мадрид

Од Реал Мадрид излегоа со официјално соопштение со кое сакаат да ја разнасјат ситуацијата околу Тибо Куртоа, кој беше принудно изваден од игра на мечот со Клуб Бриж. Во прилог соопштението составено од три точки.

“Во врска со определени информации за нашиот голман Тибо Куртоа, Реал Мадрид сака да го објави следново:

1. Нашиот фудбалер во ниту еден момент не бил дијагностициран со нервен слом и затоа тие информации се целосно невистинити

2. Тибо Куртоа е дијагностициран и лекуван од гастроентерит со дехидратација и нарушена електролитна состојба и затоа не можеше да го заврши натпреварот против Клуб Бриж

3. Играчот се опоравува задоволително според одредениот третман.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *