Видео Германија
Роберт Левандовски, Бајерн Минхен, Хофенхајм
0 – 1S. Adamyan (ас. D. Geiger) 54′
R. Lewandowski (ас. T. Müller) 73′1 – 1
1 – 2S. Adamyan (ас. R. Skov) 79′

По фантастичната побед од 2:7 против Тотенхем во Лигата на шампиони, “баварците” потфрлија на дербито со Хофенхајм.

Ова е прв пораз за Бајерн сезонава во Бундеслигата. И покрај поразот, тимот на Нико Ковач останува на првата позиција, но заедно со Фрајбург, Лајпциг и Бајер Леверкузен кои имаат ист број на бодови – 14, но послаба гол-разлика.

Првото полувреме заврши скромно 0:0. Гостите поведоа во 54-тата минута со голот на Ерменецот Саргис Адамјан.

Најдобриот голгетер на Бундеслигата, Роберт Левандовски погоди во 73-тата минута за изедначување на резултатот. Но домакините немаа многу време за радување, бидејќи Адамјан погоди во 79-тата минута, донесувајќи му важна победа на Хофенхајм, кој имаше лош старт но полека се враќа во битката за топ 4.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *