Видео Германија
Фрајбург, Борусија Дортмунд, Бундеслига
0 – 1A. Witsel (ас. T. Hazard) 20′
L. Waldschmidt (ас. J. Schmid) 55′1 – 1
1 – 2A. Hakimi (ас. J. Sancho) 67′
M. Akanji (автогол) 89′2 – 2

Милионерите одиграа 2:2 на гостувањето кај Фрајбург и пропуштија шанса да се изедначат на првото место со Бајерн Минхен, Фрајбург и Бајер Леверкузен.

Аксел Витсел го отвори резултатот во 20-тата минута, со прекрасен волеј, на нафрлената топка од Торган Азар.

Дортмунд пропушти неколку прилика да го зголеми водството на 0:2. Затоа пак домакините казнија во 55-тата минута, со голот на Валдшмидт.

Десетина минути подоцна, одличниот Ахраф Хакими направи пробив по десната страна, и наместо да центрира, си направи простор за шут, а тоа и донесе ново водство на Борусија Дортмунд.

Сепак, среќата не беше на страна на “милионерите” кои си постигнаа автогол во 89-тата минута.

Фрајбург има одлична сезона, по 7 кола, малиот клуб од Шварцвалд има 14 бода и е на првата позиција, а Борусија Дортмунд со 2 помалку се наоѓа дури на седмата позиција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *