Видео Шпанија
Еден Азар, Реал Мадрид, Гранада, Ла Лига
K. Benzema (ас. G. Bale) 2′1 – 0
E. Hazard (ас. F. Valverde) 45’+12 – 0
L. Modrić (ас. E. Hazard) 61′3 – 0
3 – 1D. Machís (пенал) 69′
3 – 2Domingos Duarte (ас. Víctor Díaz) 77′
J. Rodríguez (ас. Odriozola) 90’+24 – 2

Реал Мадрид е друг клуб кога се во прашање натпреварите во Ла Лига. Можеби сезонава домашното првенство е приоритет за “кралскиот клуб”.

Натпреварот на “Сантијаго Бернабеу” започна со брз гол на домакините. За неполни две минут Герет Бејл атрактивно го проигра Бензема, кој излезе сам пред противничкиот голман, и без проблеми донесе рано водство.

На крајот од првото полувреме, Реал зголеми на 2:0 со гол првенец на Еден Азар.

Лука Модриќ зголеми на 3:0, со прекрасен гол од далечина, во 61-та минута, на асистенција на Азар, кој полека почнува да се прилагодува на новата средина.

Гостите ја вратија неизвесноста со два брзи гола – прво погоди Дарвин Мачис од пенал во 69-тата, а Домингос Дуарте намали на 3:2 во 77-та минута.

Хамес Родригес ги постави конечните 4:2 со гол во 92-та минута.

Реал Мадрид е прв во Ла Лига со 4 бода повеќе од второпласираната Гранада, која е вистинска сензација сезонава. Градскиот ривал Атлетико има 14 бода, а Барселона 13, но и натпревар помалку.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *