Англија Видео
Саутемптон, Челси, Премиер Лига
0 – 1T. Abraham (ас. C. Hudson-Odoi) 17′
0 – 2M. Mount (ас. Willian) 24′
D. Ings 30′1 – 2
1 – 3N. Kanté (ас. Marcos Alonso) 40′
1 – 4M. Batshuayi (ас. C. Pulisic) 89′

Челси полека зема замав под водство на Френк Лампард. “Сините” ја забележаа четвртата победа, во низа, во сите натпреварувања.

Главниот голгетер на гостите Тами Абрахам го отвори резултатот во 17-тата минута со одличен лоб, кој можеби малку и случајно го постигна.

Одличниот Мејсон Маунт погоди за 2:0 во 24-тата минута, а домакините намалија за 6 минути, со гол на Дени Ингс

Во завршницата на првото полувреме, Н’голо Канте биеше од далечина, топката го смени правецот од телото на еден од одбранбените играчи на Саутемтон, и заврши во мрежата на Ангус Ган.

Единствениот гол во второто полувреме беше дело на Батшуаи во 89-тата минута, на асистенција на Кристија Пулишиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *