Италија
Аталанта, Лече, Серија А
D. Zapata (ас. R. Gosens) 35′1 – 0
A. Gómez (ас. D. Zapata) 40′2 – 0
R. Gosens (ас. J. Iličić) 56′3 – 0
3 – 1F. Lucioni (ас. F. Falco) 86′

Тимот на Аталанта постигна победа од 3:1 против Лече, како домакин. Аталанта играше за првпат на својот стадион, поради изградбата на нов сектор.

Резултатот го отвори одличниот Колумбиец Дуван Сапата, со силен удар во 35-тата минута. Само пет миннути подоцна капитенот Алехандро Гомес зголеми на 2:0, на асистенција на Сапата.

Во 56-тата минута Робин Госенс зголеми на 3:0 со шут по земја од работ на шеснаесетникот. До крајот на натпреварот гостите успеаа да постијат почесен гол во 86-тата минута, Фабио Лучиони биеше со глава на една нафрлена топка од слободен удар.

Со денешниот успех Аталанта се искачи на второто место во Серија А со 16 бода, исто колку и актуелниот шампион Јувентус, кој вечерва му гостува на лидерот Интер. Лече пак се наоѓа на 18-тата позиција во зоната за испаѓање со само 6 бода.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *