Видео Германија
Борусија Минхенгладбах, Аугсбург, Бундеслига
D. Zakaria (ас. M. Thuram) 2′1 – 0
P. Herrmann (ас. A. Pléa) 8′2 – 0
P. Herrmann (ас. A. Pléa) 13′3 – 0
A. Pléa 39′4 – 0
4 – 1F. Niederlechner 80′
B. Embolo (ас. P. Herrmann) 83′5 – 1

Борусија Минхенгладбах ќе ја помине есенскава пауза за репрезентативни натпревари прва во Бундеслигата, по дури 34 години. Лидерот го збриша Аугсбург на “Борусија Парк” стадионот со високи 5:1, со што направи скок од дури 5 позиции на табелата.

Домакините завршија работа до 13-тата минута, постигнувајќи брзи 3 гола. Денис Закарија го отвори резултатот уште во втората минута од натпреварот. Патрик Херман постигна два брзи гола (8′, 13′) за убедливо водство од 3:0.

Во 39-тата минута Аласан Плеа казни една катастрофална грешка на голманот на Аугсбург Томаш Кубек, за високи 4:0.

Во второто полувреме гостите успеаа да постигнат почесен гол во 75-тата минута, а стрелец беше Флоријан Нијдерлехнер. Домакините вратија со нов гол за само 2 минути, стрелец беше Бријл Емболо.

Борусија изби на првото место во Бундеслигата, но амбициите на клубот ќе бидат вистински тестирани допрва, бидејќи им претстојат дуели со Борусија Дортмунд, Ајнтрахт Франкфурт и Бајер Леверкузен, кои исто така имаат амбиции за горните позиции.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *