Англија Видео
Њукасл, Манчестер Јунајтед, Премиер лига
M. Longstaff (ас. J. Willems) 72′1 – 0

Лошата серија на Манчесетер Јунајтед продолжува откако тимот на Оле Гунар Солскјер загуби со 1:0 на гостувањето кај Њукасл. Ова трет натпревар во низа без победа на “црвените ѓаволи“ во Премиер лигата. По 8 кола Манчестер Јунајтед има само 9 бода и е поблиску до зоната за испаѓање отколку до топ 4.

Единствениот погодок беше дело на 19-годишниот Метју Лонгстаф (72′), за кого ова беше и деби во Премиер лигата.

За Њукасл ова е само втора победа во првенството сезонава. Првата беше на гостувањето кај Тотенхем на почетокот од сезоната.

Манчестер Јунајтед нема победа на гостински терен од 6-ти март, кога „црвените ѓаволи“ изненадија со победата над ПСЖ на “Парк Де Принс” во 1/8-финалете на Лигата на шампиони.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *