Видео Италија
Интер, Јувентус, Гонсало Игуаин, Серија А
0 – 1P. Dybala (ас. M. Pjanić) 4′
Lautaro Martínez (пенал) 18′1 – 1
1 – 2G. Higuaín (ас. R. Bentancur) 80′

По повеќе години, дербито на Италија меѓу Интер и Јувентус е во полн сјај. Пред сè поради добрата форма на Интер, кој имаше максимален учинок 6/6, но актуелниот првак покажа дека не случајно владее речиси цела декада на Апенините.

Дербито започна многу возбудливо, со два гола во воведните 20-ина минути. Прво поведоа гостите со одличен гол на Пауло Дибала во 4-тата минута.

Домакините изедначија во 18-тата минута, Лаутаро Мартинес погоди од пенал, кој беше доделен со помош на ВАР, поради игра со рака на Де Лигт.

Во остатокот од првиот дел Роналдо имаше две одлични шанси. Прво направи соло пробив, шутираше атрактивно но топката заврши во пречката од голот на Хандановиќ. Вториот обид на Португалецот заврши со гол, но истиот беше поништен поради претходен офсајд на Дибала, кој воедно беше асистент при голот.

Јувентус го доби дуелот во вториот дел, а пред сè поради замените на Маурицио Сари. Искусниот Гонсало Игуаин погоди во 80-тата минута, за конечни 1:2.

Јувентус конечно дојде до првото место во Серија А, со 19 бода. Интер е втор со бод помалку, Аталанта трета со 16 и Наполи четврт со 13.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *