Видео Шпанија
Барселона, Севиља, Ла Лига
L. Suárez (ас. Nélson Semedo) 27′1 – 0
A. Vidal (ас. Arthur) 32′2 – 0
O. Dembélé (ас. Arthur) 35′3 – 0
L. Messi 78′4 – 0

Барселона полека влегува во ритам, но пред сè главните ѕвезди се назад во тимот. Каталонците одиграа одличен натпревар во дербито со Севиља и заслужено слават со високи 4:0.

Домакините имаа одлично прво полувреме, кое го крунисаа со три гола за само 8 минути. Прво погоди Луис Суарес во 27-та минута, атрактивно со “ножички“, потоа Артуро Видал во 32-та, а Осман Дембеле заврши со гол во 35-тата минута.

Единствениот гол во второто полувреме беше ремек дело на Лионел Меси од слободен удар. Ова е прв гол за Аргентинецот по враќањето од повредата.

Со победава Барса се пласира на втората позиција, со 16 бода или 2 помалку од лидерот Реал Мадрид. Атлетико Мадрид останува трети со 15, а големото изненадување на почетокот на сезоната Гранада е четврта со 14 бода. Севиља, со 13 бода, го дели петото место со Реал Сосиедад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *