Англија Видео
Мохамед Салах, Ливерпул, повреда

Мохамед Салах нема посериозна повреда, по остриот старт на Хамзи Чадури за време на саботниот дуел меѓу Ливерпул и Лестер. Ваквите резултати биле добиени по усшешното скенирање на репрезентативецот на Египет.

Од лекарскиот тим на “црвените„ се оптимисти и се надеваат дека Салах ќе биде во комбинација за дербито со Манчестер Јунајтед кое се игра на 20-ти месецов.

Хамза Чадури го фаулираше Салах во последните минути од натпреварот на “Енфилд„. Напаѓачот на Ливерпул тргна во брз контра-напад, но играчот за врска на “лисиците“ направи клизачки старт со цел да го сопре Салах и опасниот напад. За стартот Чадури доби жолт картон, а Салах по неколку минути го напушти теренот клинкајќи. По мечот Јирген Клоп изрази незадоволство поради остриот старт и жолтиот картон, изјавувајќи дека играчите како Салах треба да добиваат поголема заштита од судиите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *