Англија
Уго Лорис, Тотенхем, повреда

Голманот на Тотенхем Уго Лорис ќе ја пропушти цела 2019 година, а се очекува евентуално враќање на терените во Јануари. Францускиот репрезентативец се здоби со тешка повреда на раката уште на самиот почеток од натпреварот со Брајтон, поради што беше изнесен со носилка и маска за кислород.

Прегледите покажаа дека има повреда на лактот и подлактицата, поради што ќе мора да мирува барем до јануари.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *