Италија
Марко Џампаоло, Милан, Серија А

Милан официјално го објави решението за разделба со менаџерот Марко Џампаоло. Италијанецот направи рекорд за заборав, откако стана менаџерот со накраток стаж (111 дена) на чело на “росонерите“.

Џампаоло го предводеше Милан на 7 натпревари, забележувајќи 3 победи и дури 4 порази.

“Милан соопштува дека го ослободува господин Марко Џампаоло од неговата позиција како тренер на првиот тим. Клубот му се заблагодарува на Марко за неговата работа и му посакува сè најдобро во професионалната кариера“, соопштија од италијанскиот гигант.

52-годишниот Џампаоло беше назначен за менаџер на Милан летово, на местото на Џенаро Гатузо. Тој не успеа да ги оправда големите очекувања и го напушти клубот по само 7 натпревари. За негов наследник се очекува 53-годишниот Стефано Пиоли, кој се очекува да потпише деновиве, а договорот би бил за до крајот на сезоната, со опција за продолжување за уште една година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *