Англија
Jurgen Klopp

На денешен пред, пред четири години, раководството на Ливерпул ја направи една од најважните одлуки во последните години, назначувајќи го Јирген Клоп за менаџер на тимот.

Германецот потпиша на осми октомври 2015 г. во хотел во центарот на Ливерпул, а “црвените“ станаа негов трет клуб во неговата тренерска кариера, по Мајнц и Борусија Дортмунд во родната Германија.

Клоп дебито на клупата на Ливерпул го имаше девет дена покасно, на гостувањето кај Тотенхем, одигрувајќи 0:0. До сега го предводеше тимот на 221 натпревар. Во нив Ливерпул ја забележа и најуспешната сезона во своето постоење, со 97 бода, но ниту тоа не беше доволно да ја освојат Премиер лигата, која заврши во рацете на Манчестер Сити со 98 бода.

Освен тоа, Германецот ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *