Италија
Стефано Пиоли, Милан, Серија А

Милан официјално го објави назначувањето на Стефано Пиоли за нов менаџер. Поранешниот тренер на Фиорентина, Интер и Лацио доаѓа на местото на Марко Џампаоло, кој се задржа на тренерското столче на “росонерите“ само 111 дена. Договорот на Пиоли е на две години.

57-годишниот Италијанец бeше претставен денес на прес-конференцијата од 13 часот. Навивачите на Милан не се многу среќни со назначувањето на Пиоли за менаџер бидејќи Италијанецот неодамна беше изјавил дека е симпатизер на големиот градски ривал Интер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *