Англија Германија
Серџ Гнабри, Бајерн Минхен

Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер го обвини Бајерн минхен дека го манипулирал Серџ Гнабри да го напушти Арсенал, за трансфер во Вердер Бремен, а потоа и трансфер во баварскиот гигант.

24-годишниот Германец направи трансфер во Вердер Бремен во 2016-та, а само година подоцна потпиша со Бајерн Минхен, каде полека се етаблира како главен играч околу кој баварците ќе го градат тимот следните сезони.

“Долго време се обидувавме да го продолжиме договорот на Гнабри, и мислам дека Бајерн Минхен го наговараше, од позадина, дека ако направи трансфер во Бремен, потоа тие ќе го донесат во Минхен. Тој отсекогаш беше момче со голем талент и потенцијал, на кое во одредени моменти му недостасуваше самоувереност. Ние сметавме на него, и очекувавме дека ќе постигне многу.

Тој се врати од многу лоша позајмица во Вест Бромвич Албион, каде неговата самодоверба беше уништена. Се обидов лично да го охрабрам и да му помогнам, бидејќи верував во него. Кариерата на високо ново претставува конзистентност. Ако ги погледнете најдобрите играчи кои го доминираат светот на фудбалот, ќе видите дека сите тие играат постојано на високо ниво. Дали може тој да го одржи нивото на игра како на натпреварот против Тотенхем? Се надевам и верувам во него“, изјави искусниот стратег за beINSPORTS.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *