Свет
Германија, Аргентина, пријателска
S. Gnabry 15′1 – 0
K. Havertz (ас. S. Gnabry) 22′2 – 0
2 – 1L. Alario (ас. M. Acuña) 66′
2 – 2L. Ocampos (ас. L. Alario) 85′

Германија и Аргентина одиграа возбудлив пријателски дуел кој заврши 2:2. Натпреварот се одигра во Дортмунд на “Сигнал Идуна Парк“.

Домакините имаа солидно водство од 2:0 во првите 22 минути. Стрелци беа Серџ Гнабри во 15-тата, и Каи Хаверц во 22-та минута. Гостите израмнија во самата завршница. Прво намали Лукас Аларио во 66-тата, а Лукас Окампос погоди за израмнување во 85-тата минута.

Натпреварот наликуваше на драматичното финале на Светското првенство 2014, кое го освои Германија со златен гол на Марио Геце. Од тогаш, овие две репрезентации одиграа само еден натпревар, кој го добија “гаучосите“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *