Англија
Жоел Матип, Ливерпул

Ливерпул потпиша нов договор со стоперот Жоел Матип. Играчот се обврза со “црвените” до летото 2024 г. Сезонава Матип се зацврсти во првиот состав на Јирген Клоп, и игра многу поконзистентно од минатата сезона, поради што клубот има стопроцентентен учинок во првите 8 кола во Премиер лигата.

Камерунецот се избори за првотимскиот статус, каде голема конкуренција, минатата сезона, му беше Дејан Ловрен.

“Чувството е прекрасно да бидам дел од клубот уште подолго. Цел свет знае дека Ливерпул е голем клуб, но кога си во клубот, го чувствуваш тоа уште повеќе. Имаме приврзаници во сите страни од светот. Ние сме млад и талентиран тим, и имаме уште многу трофеи за освојување, сподели Матип по потпишувањето на договорот. – Горд сум што сум дел од клубот. Ме радува што луѓето се задоволни од мојата игра и сакаат да ме задржат”, заврши камерунскиот дефанзивец.

Матип пристигна на “Енфилд Роуд” како слободен агент од Шалке, летото 2016 г. Дефанзивецот ги пропушти последните два натпревари за “црвените” поради повреда, но се очекува да биде во комбинација за дербито, во недела, со Манчестер Јунајтед. Со победа, тимот на Јирген Клоп, ќе го израмни рекордот за последователни победи во Премиер лигата – 18, кој моментално е во сопственост на Манчестер Сити.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *