Видео Германија
Роберт Левандовски, Аугсбург, Бајерн Минхен, Бундеслига
M. Richter (ас. R. Khedira) 1′1 – 0
1 – 1R. Lewandowski (ас. S. Gnabry) 14′
1 – 2S. Gnabry (ас. Philippe Coutinho) 49′
A. Finnbogason (ас. S. Córdova) 90’+12 – 2

Бајерн Минхен пропушти многу шанси на гостувањето кај Аугсбург, и на крајот плати многу скапо за тоа. Германскиот шампион си замина само со бод од гостувањето кај Аугсбург, одигрувајќи само 2:2.

Домакините изненадија со гол уште во првата минута. Стрелец беше Марко Рихтер, на асистенција Рани Кедира, кој е помлад брат на Сами Кедира од редовите на Јувентус.

Бајерн израмни брзо, со гол на Роберт Левандовски во 14-тата минута, на асистенција на Серџ Гнабри.

Одличниот Гнабри се запиша на листата стрелци во 49-тата минута, за водство на гостите.

Бајерн Минхен пропушти неколку добри прилики за зголемување на водството, а домакините тоа сурово го казнија во 91-та минута, со гол на Исланѓанецот Алфред Финбогасон.

Тимот на Нико Ковач е трети на табелата, со 15 бода. Волфсбург (16) е први, заедно со Борусија Минхенгладбах, која попладнево му гостува на Борусија Дортмунд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *