Видео Лига на шампиони
Лаутаро Мартинес, Интер, Борусија Дортмунд
Lautaro Martínez (ас. S. de Vrij) 22′1 – 0
A. Candreva (ас. M. Brozović) 89′2 – 0

Интер слави важна победа, од 2:0, над Борусија Дортмунд, со што се изедначува со Германците на втората позиција со 4 бода. Барселона е прва со 7, а Славија Прага последна со само бод.

Ова е прва победа за тимот на Антонио Конте во Лигата на шампиони сезонава. И двете екипи имаа по неколку добри шанси за гол, но Италијанците беа подобри во реализацијата.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинес во 22-та минута. Аргентинецот промаши пенал во 82-та минута, но Антонио Кандрева погоди во 89-тата минута, од еден одличен контра-напад, за сигурно водство на домакините од 2:0.

Интер продолжува со одличните резултати под водство на Конте. “Нероазурите„ се втори во Серија А со само бод негатива зад лидерот Јувентус, а со победава, значително ги зголемија шансите за борбата за 1/8 финале во Лигата на шампиони.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *