Видео Лига на шампиони
Дриес Мертенс, Наполи, Салцбург
0 – 1D. Mertens (ас. José Callejón) 17′
E. Håland (пенал) 40′1 – 1
1 – 2D. Mertens 64′
E. Håland (ас. Z. Junuzović) 72′2 – 2
2 – 3L. Insigne (ас. D. Mertens) 73′

Наполи одигра возбудлив натпревар, со многу голови, на гостувањето кај Салцбург. Нашиот Елиф Елмас доби десетина минути во завршницата од натпреварот.

Наполи поведе со голот на Дриес Мертенс во 17-тата минута. Домакините изедначија во 40-тата минута, Ерлинг Харланг беше прецизен од белата точка.

Во второто полувреме, Дриес Мертенс беше прецизен повторно во 64-тата минута, за ново водство на наполитанците. Само 8 минути подоцна, Халанд повторно погоди за второ изедначување. Радоста на домакините траеше само една минута, откако Лоренцо Инсигње погоди за 2:3, на асистенција на Мертенс.

Резултатот остана непроменет, а Наполи забележа важна победа во борбата за првото место во групата “Е„. Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 80-тата минута, на местото на Хосе Каљехон.

Во другиот меч од групата “Е„ Ливерпул оствари висока победа од 1:4 над Генк, со што “црвените„ се на бод негатива од лидерот Наполи, кој има 7 бода. Салцбург останува трет со 3 бода, а Генк последен со само бод.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *