Видео Лига на шампиони
Борусија Дортмунд, Интер
0 – 1L. Martínez 5′
0 – 2M. Vecino (ас. A. Candreva) 40′
A. Hakimi (ас. M. Götze) 51′1 – 2
J. Brandt (ас. Paco Alcácer) 64′2 – 2
A. Hakimi (ас. J. Sancho) 77′3 – 2

Гостите од Италија имаа убедливо водство од 0:2 на полувреме, но на крајот си одат со празни раце од “Сигнал идуна парк„ стадионот.

Интер поведе уште во петата минута, со голот на Лаутаро Мартинес. Во завршницата од првиот дел, Матијас Весино зголеми на 0:2, за комфортно водство на “нероазурите„.

Токму ова комфортно водство ги расипа плановите на Антонио Конте. Домакините намалија на 1:2 по само 6 минути игра во вториот дел. Стрелец беше одличниот Мароканец Ашраф Хакими.

Веќе во 64-тата минута, домакините стигнаа и до израмнување, со голот на Јулијан Брандт. Целосен пресврт направи Хакими, со втор гол, во 77-та минута.

Барселона останува прва во групата “Ф„, со 8 бода, Борусија е втора со 7, Интр трети со 4, а Славија Прага последна со 2 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *