Видео Лига Европа
Лацио, Селтик
C. Immobile 7′1 – 0
1 – 1J. Forrest (ас. M. Elyounoussi) 38′
1 – 2O. Ntcham (ас. O. Édouard) 90’+5

Селтик обезбеди учество во 1/16 финалето од Лига Европа со гостинска победа кај Лацио. Италијанците имаат само теоретски шанси за евентуален пласман понатаму.

Домакините поведоа уште во седмата минута, со голот на Чиро Имобиле, кој не престанува да ги решети противничките мрежи. Но, неговиот гол не беше доволен за победа. Гостите од Шкотска израмнија во 38-та минута со голот на Џејмс Форест, а стигнаа до целосен пресврт во 90+5′ со гол на Французинот Оливие Нчам.

Ова е прва победа на Селтик, од вкупно 13 гостувања, во Италија. Шкотскиот првак е лидер во групата “Е“ со 10 бода, а романски Клуж е втор со 9 бода, и е практично во 1/16 финале. Лацио останува на третата позиција со 3 бода, а француски Рен има само 1 бод.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *