Видео Германија
Бајерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бундеслига
R. Lewandowski (ас. B. Pavard) 17′1 – 0
S. Gnabry (ас. T. Müller) 47′2 – 0
R. Lewandowski (ас. T. Müller) 76′3 – 0
M. Hummels (автогол) 80′4 – 0

Баварците повторно го освоија најголемото дерби во Бундеслигата, со високи 4:0. Борусија Дортмунд немоќна пред најголемиот ривал.

Домакините добро го започнаа натпреварот, а веќе имаа водство во 17-тата минута, со голот на Роберт Левандовски.

Серџ Гнабри зголеми на 2:0 во втората минута од второто полувреме. Роберт Левандовски се запиша на листата стрелци, уште еднаш, против неговиот поранешен клуб. Ова е 17-ти гол за полскиот голгетер, во Бундеслигата, на само 12 натпревари.

Последниот гол беше дело на Матс Хумелс – поранешниот стопер на Бајерн си постигна автогол во 80-тата минута.

Бајерн Минхен се изедначи на второто место со Лајпциг, со 21 бод, само 1 бод помалку од лидерот Борусија Минхенгладбах, кој утре го пречекува Вердер Бремен. Борусија Дортмунд останува на четвртото место со 19 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *