Евро2020
Евро 2020 извлекување

Денес во Букурешт беа извлечени групите за претстојното Европско првенство кое ќе се одигра на лето. Најтешка група е “Ф“, каде има два светски прваци – Франција и Германија, како и актуелниот европски шампион Португалија. Натпреварите од оваа група ќе се играат во Минхен и Будимпешта.

Евро 2020, градови домаќини

Македонија преку лигата Д од Лигата на нации може да се пласира на континенталното првенство.

Од репрезентацијата на Романија зависи дали би играле во групата “Ц“ каде што сме извлечени, или би се префрлиме во групата “Ф“ која е најатрактивна. Во групата “Ц“ која ќе се игра во Амстердам и Букурешт се Украина, Холандија и Австрија.

Сепак, македонската репрезентација најпрво треба да се фокусира на полуфиналето против Косово, кое го играме на 26-ти март, и евентуалното финале кое е пет дена подоцна.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *