Видео Германија
Џејдон Санчо, Борусија Дортмунд, Фортуна Диселдорф, Бундеслига
M. Reus (ас. Ł. Piszczek) 42′1 – 0
T. Hazard (ас. J. Sancho) 58′2 – 0
J. Sancho (ас. M. Reus) 63′3 – 0
M. Reus (ас. T. Hazard) 70′4 – 0
J. Sancho (ас. A. Hakimi) 74′5 – 0

Борусија Дортмунд одигра одличен натпревар против Фортуна Диселдорф, и победи со високи 5:0.

Домаќините го отворија резултатот во 42-та минута со гол на капитенот Марко Ројс.

Торган Азар ја започна голеадата во второто полувреме, со гол, во 58-та минута, за 2:0. Пет минути подоцна Џејдон Санчо зголеми на 3:0. Седум подоцна Марко Ројс повторно се запиша на листата стрелци, а четири потоа Санчо погоди уште еднаш.

19-годишниот Англичанец има неверојатни 20 гола и 28 асистенции во дресот на “милионерите“, и со право важи за еден од најголемите таленти на европскиот фудбал.

Борусија Дортмунд изби на третата позиција, со 26 бода. Шалке има шанси да го врати третото место со барем нерешено на гостувањето кај Бајер Леверкузен. Фортуна Диселдорф останува 16-та со 12 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *