Видео Германија
Ерлинг Халанд, Аугсбург, Борусија Дортмунд, хет-трик, Бундеслига
F. Niederlechner (ас. R. Vargas) 34′1 – 0
M. Richter 46′2 – 0
2 – 1J. Brandt (ас. T. Hazard) 49′
F. Niederlechner (ас. P. Max) 55′3 – 1
3 – 2E. Håland (ас. J. Sancho) 59′
3 – 3J. Sancho (ас. M. Hummels) 61′
3 – 4E. Håland (ас. T. Hazard) 70′
3 – 5E. Håland (ас. M. Reus) 79′

Аугсбург и Борусија Дортмунд одиграа возбудлив натпревар со дури 8 гола. Гостите губеа на двапати со два гола разлика, а новото засилување Халанд донесе победа со хет-трик на дебито.

Имено, домаќините поведоа во 34-тата минута со голот на Нидерлехнер. На полувреме заминаа со минимално водство од 1:0 и сè изгледаше сосема вообичаено. Сепак, во второто полувреме паднаа дури 7 гола – просечно еден гол на секои 6 ипол минути.

Домаќините зголемија на 2:0 уште во првата минута, со голот на Рихтер. Три минути подоцна Дортмунд намали преку голот на Јулијан Брандт.

Стрелецот на првиот гол за Аугсбург погоди, по вторпат, за водство од 3:1. Новото засилување Ерлинг Халанд влезе во 56-та минута, и за само 23 минути на терент, постигна хет-трик на дебито во германската Бундеслига. Покрај Халанд на листата стрелци се запиша и Џејдон Санчо, со голот за израмнување, во 61-та минута.

Се чини дека трансферот на Халанд е полн погодок за “милионерите“, кои се изедначија на третото место со Бајерн Минхен. Аугсбург пак останува на десетата позиција со 23 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *