Видео Шпанија
Лионел Меси, Антоан Гризман, Ла Лига, Барселона, Гранада
L. Messi (ас. A. Vidal) 76′1 – 0

Шпанскиот шампион Барселона ја победи Гранада со 1:0 на “Камп Ноу“, пред 65 444 гледачи. Ова беше деби за Кике Сетиен на клупата на каталонците.

Гостите од Андалузија вешто се бранеа во првиот дел, а во второто полувреме останаа со играч помалку бидејќи Херман Санчес заработи втор жолт картон во 69-тата минута. Домаќините ја искористија предноста од играч повеќе постигнувајќи гол во 76-тата минута. Стрелец беше капитенот Лионел Меси, кој итро заврши со десна една одлична акција на каталонците. За Аргентинецот ова е 14-ти погодок во Ла Лига, сезонава.

Барселона, со 43 бода, се врати на делба на тронот заедно со Реал Мадрид, но каталонците се први на табелата поради подобрата гол разлика. Гранада останува на десетата позиција со 27 бода.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *