Шпанија
Осман Дембеле, Лионел Меси, повреда, Барселона

Осман Дембеле оди на операција во вторник, 11 февруари, во Турку, Финска, беше објавено на официјалниот сајт на Барселона. Французинот има проблеми со задниот дел од десното бедро. Според неофицијални извори, сезоната за него најверојатно е завршена, но од клубот одбиваат да дадат информации за тоа колку време ќе отсуствува.

Клубот објави дека ќе даде детални информации, за состојбата на Дембеле, по операцијата.

Дембеле само што се врати на тренинзи по 2 ипол месеци пауза, а веднаш се здоби со нова повреда за време на тренингот во понеделникот.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *