Шпанија
Емануел Пети, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Премиер Лига

Поранешниот фудбалер за врска на Барселона, Емануел Пети смета дека капитенот на каталонците Лионел Меси не е способен да игра на највисоко ниво во Премиер лигата. Светскиот шампион од 98′ го спореди Аргентинецот со Кристијано Роналдо, кој се проби во дресот на Манчестер Јунајтед, во време кога англиската лига беше далеку најсилна во Европа.

“Меси не е Роналдо – изјави Пети за “Mundo Deportivo”. – Тој би бил голем неуспех во Премиер лигата. Не верувам дека тој може да го издржи интензитетот и динамиката на англискиот фудбал. Лео не е истата машина, на физички план, како Кристијано, и затоа не би успеал во Англија. Во Шпанија се игра потехнички фудбал, а и добива голема заштита од судиите. Роналдо е чудовиште и на 35 години, а на Меси му остануваат 1-2 години на највисоко ниво.”

Емануел Пети се прослави во дресот на Монако, а во Премиер лигата има големо искуство играјќи во Арсенал и Челси.

Драги гости, доколку не ја следите нашата фејсбук страна, а сте фудбалски љубители, Ве молиме поддржете нè и кликнете на копчињата до текстот. Ви благодариме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *